Ќе го најде пикерот и со врзани очи: Мајсторија на Шмид и Пекелер (ВИДЕО)

Најдобриот ракометар на Рајн Некар, Енди Шмид и пивотот на оваа екипа, Хенрик Пекелер имаа неколку одлични акции во победата против ППД Загреб.

Мајсториите на Шмид останаа забележани, а оние кои не успеаја да видат како додава до пивотот можат да погледнат во видеото. Инаку, ова се додавања во кои Шмид и со заврзани очи би го пронашол својот соиграч, а тој секогаш знае каде треба да биде поставен за да ја добие топката и да може да бие кон голот.