Ќе биде жешко и низ Европа: Лазаров, Манасков и Прибак на дуели од Лигата на шампионите

Покрај средби на домашна сцена викендов ќе можат да се следат натпревари и на меѓународен план односно дуели од Лигата на шампионите во машка конкуренција и дуели од Купот на ЕХФ кај дамите.

300x250

Добро е познато дека Македонија има свои претставници на средбите од Лигата на шампионите во Вардар и во Металург, но ќе има и во неколку други екипи. Филип Талески и Жарко Пешевски веќе ги одработија средбите од првото коло, но затоа тука се Кире Лазаров, Дејан Манасков и Немања Прибак кои викендов ќе ги имаат своите дуели од почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Македонија викендов има свои претставнички и во Купот на ЕХФ. Голманката Матеја Серафимова со Славија Прага игра реванш меч против Штокерау и брка негатива од шест гола (24:3), додека Ленче Илкова со Кастамону е домаќин на Брул на двата дуела. Овој двомеч ќе биде со македонска арбитража, а ќе судат Силвана Карбеска и Марија Илиева.

ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ НИЗ ЕВРОПА

САБОТА, 15 СЕПТЕМВРИ

16:00ч

БРУЛ – КАСТАМОНУ (Куп на ЕХФ – жени, 1. рунда; Ленче Илкова, Судии: Карбеска-Илиева)

16:30ч

БЕШИКТАШ – ТАТРАН ПРЕШОВ (Лига на шампиони – група Ц, Немања Прибак)

17:30ч

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР (Лига на шампиони – група А)

18:00ч

ВЕСПРЕМ – КЕЛЦЕ (Лига на шампиони – група А, Дејан Манасков)

19:30ч

КРИСТИЈАНШТАД – МЕШКОВ БРЕСТ (Лига на шампиони – група А)

СПОРТИНГ – МЕТАЛУРГ (Лига на шампиони – група Ц)

НЕДЕЛА, 16 СЕПТЕМВРИ

15:10ч

БЈЕРИНГБРО – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ (Лига на шампиони – група Ц)

16:00ч

КАСТАМОНУ – БРУЛ (Куп на ЕХФ – жени, 1. рунда; Ленче Илкова, Судии: Карбеска-Илиева)

17:00ч

ЦЕЛЈЕ – СКЈЕРН (Лига на шампиони  – група Б)

19:00ч

НАНТ – ФЛЕНЗБУРГ (Лига на шампиони – група Б, Кире Лазаров)

ВИСЛА ПЛОЦК – ВАКЕР ТУН (Лига на шампиони – група Д)

19:30ч

СЛАВИЈА ПРАГА – ШТОКЕРАУ (Куп на ЕХФ – жени, Матеја Серафимова)

20:00ч

ППД ЗАГРЕБ – ПИК СЕГЕД (Лига на шампиони – група Б).