Ќерими го “пуштија за празник” од Металург – тој замина кај Лино во Загреб

Несуденото засилување за Металург, Белгискиот интернационалец Арбер Ќерими сепак ќе носи син дрес сезонава, но не тој на македонскиот првак. Наместо во Автокоманда, тој веројатно ќе игра за ППД Загреб кај Лино Червар. Средниот бек на белгиската репрезентација веќе се наоѓа во Загреб и деновиве би требало да биде промовиран како нов член на „плинарите“.

Од Металург тврдат дека Ќерими дошол во Скопје на проба под едни услови, но откако заминал дома за празник решил да бара нов договор, а тоа било не прифатливо за македонскиот тим.
На почетокот на август токму преку клупската страница Металург потврди дек Ќерими е нов играч и дека веднаш заминал на подготовките во Маврово, без информација дека тој всушност е дојден на проба. Несвојствено е дури играчи да се враќаат дома за верски празник додека траат подготовките.

Вообичаено досега Металург беше магнет за недоволно афирмирани играчи, и токму тоа што тука е Лино Червар ги привлекуваше. Така лани ѕвезда стана Халил Јагањац кој беше најдобриот стрелец во СЕХА лигата.

Заминувањето кај Лино Червар во Загреб значи дека Арбер подолго време бил следен од Металург, уште во времето кога Хрватот беше на клупата на „сините“. Тоа што тој дошол во Скопје, а потоа заминал за Загреб е само потврда дека Червар имал „нос“ за неговиот талент и ќе сака да го искористи за својот тим.

Дали Металург направил „промашувањето“ ќе видиме наскоро, или одлуката била наместо кога му рекле не на Ќерими.