Јуниорките в недела на собир во Автокоманда

Женската јуниорска репрезентација на Македонија на 18 февруари ќе стартуваат со подготовки за квалификации за Светското првенство. Селекторот Јулијана Црвенкоска ќе има можност да ги собере најдобрите ракометарки до 20 години во моментов, а меѓу нив има и две ракометарки кои се пријавени за настап во Лигата на шампионите во тимот на Вардар.

Дел од овие ракометарки минатото лето играа на ЕП за кадетки, па ова ќе им биде можност и како јуниорки да ги покажат своите квалитети.

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

ГОЛМАНИ: Јована Мицевска, Слободанка Кицеска (Вардар), Амра Илјаз (Металург).

БЕКОВИ: Милица Николиќ, Леонида Гичевска (Вардар), Јана Калајџиевска, Марија Гугуљанова (Металург), Мила Трајковиќ, Тамара Ивановска, Јована Кипријановска (Куманово).

КРИЛА: Пена Граматова, Марија Тасевска, Билјана Дамчевска, Марија Гајиќ (Металург), Ивона Трпевска (Вардар), Арлинда Динарица (Кастриоти, Косово).

ПИКЕРИ: Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Мила Алексоска, Јована Владева (Металург).