Јуниорите пред нов предизвик: Moжат ли Талески и другарите да ја совладаат Франција?!

Нашата јуниорска репрезентација денеска од 14:00 часот е исправена пред уште еден голем предизвик. По вчерашниот натпревар против силната Шпанија, денес треба да ги одмериме силите со уште еден голем противник а тоа е селекцијата на Франција. Можеби Французите не се во класата на “црвената фурија” но секако претставуваат име во ракометот кое за да го победите мора да дадете максимум од себе. За тоа се свесни и момците на Зоран Петковски, кои со победата над Франција можат многу да добијат, но секако и пристапот во натпреварот мора да биде многу поразличен од вчерашниот против селекцијата на Шпанија.
За разлика од нас, Французите на премиерниот натпревар забележаа победа против селекцијата на Норвешка со 29-22, а денес против нашата репрезентација ќе се обидат да го осигураат својот пласман во наредната фаза.
Капитенот Филип Талески е оптимист пред денешниот натпревар.

„Ова беше наш прв меч на првенството и нема да остане вака. Оптисмист сум за мечот со Франција, можеме подобро“-изјави Талески.