Јубилеен натпревар за Кире Лазаров во дресот на Македонија

Капитенот на Македонија, Кире Лазаров денеска има мал јубилеј во дресот на репрезентацијата на Македонија. Лазаров се најде во националниот тим уште во 1999 година, а досега има учество на осум големи шампионати.

Лазаров денеска ќе го одигра својот натпревар број 50 со што засега ќе стане недопирлив, но неколку колеги и понатаму се близу до него и веќе се наближувааат до 50 натпревари за репрезентацијта на големите натпреварувања.

Покрај тоа што е лидер според бројот на одиграни средби во репрезентацијата, Лазаров е неприкосновен и според бројката на постигнати голови. Таму неговата предност е далеку поголема.