Јохансон: Младите ракометарки ќе добијат шанса против Македонија

Женската репрезентација на Македонија во рамките на подготовките за бараж двомечот против Словенија за пласман на СП ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Црна Гора.

Црногорскиот селектор Пер Јохансон најави дека шанса ќе добијат помладите ракометарки на овие две средби. Поради повреди нема да играат Милена Раичевиќ, Анџела Булатовиќ, Мајда Мехмедовиќ и Ѓурѓина Јауковиќ.

„Треба полека да размислуваме за дуелите со Чешка во баражот за СП. Важно е да го минеме тој бараж, а потоа да бидеме најмалку седми на Мундијалот. Имаме доста проблеми со повреди и тоа е причина што против Македонија ќе играат оние со мала минутажа досега“, вели Јохансон.

Натпреварите против Македонија се играат во петок од 17:00 часот и во сабота од 12:00 часот во салата во Автокоманда.