Јоноски и Ратинген без четврт-финале во аматерскиот Куп на Германија

Екипата на Ратинген за која игра Ацо Јоноски не успеа да се избори за победа на мечот против Нимбрехт и загуби како гост со 29:31.

Ова беше средба од осминафиналето од аматерскиот Куп на Германија на која Јоноски и колегите имаа добра игра, но не можеа и да стигнат до посакуваниот резултат кој ќе им донесеше пласман во четврт-финалето.

За Јоноски пристигаат пофалби за играта во одбрана, а коментарите се дека имал одлична игра и одлично ги командувал колегите. Сепак, во нападот не успеале да бидат поефикасни од противникот.