Јоновски сè уште игра за Металург?! (ФОТО)

На прес конференцијата во пресрет на дуелот против Металург, кој е дел од 14 коло во СЕХА Лигата, тренерот на „плинарите“ Златан Сарачевиќ, во изјавата за очекувањата од натпреварот имаше неколку гафови.

300x250

Тој изјави дека Металург нема императив во СЕХА, ниту пак во Лигата на шампионите, иако македонскиот веќе одамна е елиминиран и ги заврши натпреварите. Кога коментираше од каде доаѓа најголемата опасност, ги издвои Јагањац, Кузмановски, Пешевски и Јоновски?!.

Македонскиот репрезентативец беше дел од тимот на Металург во неговите најдобри денови, но одамна веќе замина и настапува за други клубови. Дали станува збор за незнаење, или за некаква грешка, пресудете сами…