Јоновски има само една желба за 37 роденден (ФОТО+ВИДЕО)

Долги години столб на одбраната на македонската репрезентација е Ацо Јоновски. Стружанецот лани беше избришан од Лино Червар пред СП, но Раул реагираше и го врати на списокот за дуелот со Чешка во квалификациите.

300x250

На тој дуел беше еден од најдобрите во дефанзивата и заслужено ќе биде дел од националниот тим и на ЕП во Хрватска. Сепак, ова можеби ќе биде последен настап на големо натпреварување за членот на германскиот Ратинген, кој вчера наполни 37 години.

Соиграчите со торта му го честитаа роденденот, а тој посака само едно, успех со репрезентацијата во Хрватска…