Јовиќ: Ќе мора да одиграме најдобро досега, ако сакаме поволен резултат

Ракометарите на Металург по завршувањето на настапите во Лигата на шампионите и поразот во Лисабон кај Спортинг, се враќаат на обврските во СЕХА Лигата. До крајот на годината ги очекуваат уште четири средби, три на гости, една на домашен терен. Првата е вечерва против Целје, а Александар Јовиќ очекува добра игра од неговиот тим.

„Знаеме дека Целје има силен тим, со одлична сезона во Лигата на шампионите и во СЕХА Лигата. Ние ќе мораме да го одиграме нашиот најдобар натпревар, за да имаме шанса за поволен резултат. Но, тоа е единствениот начин да се развива и да се стане подобар. Овие натпревари можат добро да ни послужат, бидејќи можеме да стекнеме искуство и да видиме до каде сме во моментот. Се надеваме дека ќе постигнеме добар резултат против Целје.“ – изјави Јовиќ.

Дуелот меѓу Целје и Металург се игра со почеток во 19 часот.