Јован Талевски најдобар стрелец, Јозгат победи кај Мили Пјанго

Македонскиот интернационалец Јован Талевски беше најдобар стрелец во тимот на Јозгат Бозокспор и еден од најзаслужните за победата на гости кај составот на Мили Пјанго со 24:21.

Средниот бек одигра најдобро во моментите кога се кршеше резултатот и постигна 4 голови на овој меч, а над него беа направени повеќе прекршоци за пенал и исклучување. Ова беше втора победа за Јозгат во турскиот шампионат, а следниот меч го играат дома против Анкараспор.

jovan1

Фото: Ekrem Ozsoy