Ракометарката на Стружанка, Бојана Јованоска останува најдобриот стрелец во Женската лига и после 6. коло, но сега има далеку поголема предност отколку што беше случај во колото претходно.
Јованоска постигна 11 гола во победата над Куманово и беше убедливо најдобрата ракометарка на теренот, па сега покажува дека е главен кандидат за првото место кај стрелците во Женската лига.
Таа сега има плус четири во однос на Гајиќ и плус шест во однос на Николовска, па сосема извесно е дека полека се создава редоследот на табелата кај Топ 10 стрелците во лигата.
Како изгледа списокот на десетте најефикасни можете да видите во продолжение.
ЖЕНСКА ЛИГА – 6. КОЛО
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)
52 – Бојана Јовановска (Стружанка)
48 – Марија Гајиќ (Металург)
46 – Марија Николовска (Спартак)
44 – Драгица Митрова (Гевгелија)
42 – Мила Трајковиќ (Куманово)
41 – Симона Василевска (Цемс)
41 – Наталија Манева (Овче Поле)
34 – Александра Боризовска (Куманово)
32 – Михаела Камческа (Деспина)
31 – Марија Анчева (Гевгелија)