Јованка Радичевиќ за 24Ракомет ТВ: Кога играме квалитетно во одбрана, не е важен противникот (ВИДЕО)

Со вчерашната победа над Турингер, Вардар ја освои првата позиција во групата 1 во Лигата на Шампионите. Блескава партија прикажа Јованка Радичевиќ на теренот во „Јане Сандански“ која со 9те погодоци беше предводник на вардарките до убедлива победа со која се стави печат на главната фаза. По натпреварот, за 24Ракомет ТВ, Јованка Радичевиќ истакна дека со цврста одбрана, Вардар може да игра против секоја екипа. Целосната изјава на Радичевиќ,можете да ја погледнете во продолжение.