Јованка Радичевиќ до фановите: Доаѓајте во поголем број, уште малку сме тука

После новата победа на Вардар во Лигата на шампионите, капитенот на женскиот состав, Јованка Радичевиќ после средбата против Будуќност упати благодарност до навивачите, а воедно ги повика да дојдат и на следните натпревари.

„Им благодарам на фановите коишто дојдоа во голем број на трибините на овој дуел против Будуќност. Воедно сакам да ги повикам и на следните натпревари. Нека бидат тука во што е можно поголем број бидејќи имаме уште малку време да се дружиме. Уште малку сме тука“, рече Радичевиќ.

Што се однесува до средбата против шампионот на Црна Гора имаше свое видување за сработеното на теренот.

„Драго ми е што сериозно влеговме во мечот. И пред средбата реков дека Јане Сандански ќе остане непобедлкив. Испочитувавме сè што се договоривме пред средбата. Имаме уште резерви. Ова не е нашиот максимум. Ќе бидеме далеку подобри како ќе одминува времето. Во моментов е очигледна разликата во квалитет со Будуќност. Испочитувавме се што требаше на теренот и тоа резултираше со нова победа“, коментираше Радичевиќ.