Ја покоривме Азија, време е за Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ја забележа втората победа на Мундијалот во Германија и Данска, откако славеше над Бахреин.

Победата со 28-23 беше обезбедена уште по првиот дел, а во вториот шанса да настапат добија сите ракометари од клупата.

На терен беа Боро Чурлевски и Мартин Серафимов, кои ги постигнаа и деби головите на Мундијалите, а играше и Марио Танкоски.

Следен предизвик за нашата селекција ќе биде утрешниот дуел против Хрватска, кој се игра во „Олимпијахале“ во Минхен со почеток во 18:00 часот.