Ја освои Лигата на шампионите и се пресели во Барселона

Екипата на Барселона во новата сезона ќе има засилување на пивотменската позиција, а денеска даде и официјална потврда за пристигнувањето на Лудовик Фабрегас од Монпелје. Фабрегас е ракометар кој игра на позицијата пивотмен и ќе се задржи во тимот на Барселона во наредните три години.

За време на својот престој во Монпелје Фабрегас успеа да ја освои Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство во 2017 година како и сребрениот медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро една година пред тоа.

Пивотот е висок 198 сантиметри и сигурно ќе биде огромно засилување за тимот на Чави Пасквал особено на местата кои се испразнети, а пред сè во одбраната каде веќе го нема Морос кој се пресели во ПСЖ.