Јања Војводиќ: До мечот против Монпелје ќе ја натемпираме формата

Вардар ја продолжи одличната серија во СЕХА-лигата и дојде и до втората победа сезонава така што работите засега се движат во правец кој се посакува и правец кој се планираше од почетокот на шампионатот.

После средбата со Железничар претставник на играчите на Вардар на пресот беше Јања Војводиќ, кој коментираше за она што се случуваше на теренот и за очекувањата од следниот период.

„Драго ми е што фативме ритам. Не можевме да се комплетираме од почетокот на сезоната и ни требаат вакви средби за да дојдеме до формата која ја посакуваме. Мислам дека конечно изгледаме добро и се надевам дека до натпреварот против Монпелје ќе ја натемпираме формата. Што се однесува до Железничар се работи за добра и млада екипа, но јасно е дека и недостига искуство за вакви средби“, изјави Војводиќ.

До мечот против Монпелје од Лигата на шампионите останува претходно да се одигра дуелот против Татран Прешов во СЕХА. Прво в недела се гостува во Словачка, а потоа на 15 септември доаѓа дуелот против Французите.