Јауковиќ го одржа Будуќност во трка со Мец и со Ростов

Ракометарките на Будуќност забележаа нова победа и се вратија во ритам после поразот во минатото коло. Успеаја да го совладаат составот на Брест со 28:27, а ракометарката која му пресуди на тимот од Франција е Ѓурѓина Јауковиќ која реализираше дури 12 пати.

Будуќност беше во предност уште од стартот, а најголемата предност која ја имаше во првото полувреме беше шест гола, кога поведе со 10:4. Сепак, овие шест погодоци се намалуваа и до полувреме стигнаа до три. На одмор се замина со 15:12, а оваа разлика се одржуваше и во продолжение.

Водството на Будуќност остана меѓу три и четири гола и постојано беше контролирана предноста. Сепак, во финишот на натпреварот дојде до намалување и на еден гол, но и тука контролата беше на страната на домашните.

Будуќност успеа да издржи и да победи со 28:27, а ова го остави на еден бод зад тимовите на Мец и Ростов Дон што значи дека во следните три кола ќе има голема битка за да се освои првото место.

На овој натпревар Јауковиќ беше далеку пред другите ракометарки во осно на ефикасноста, а головите за Будуќност ги постигнаа вкупно седум од девојките. По три имаа Катарина Булатовиќ, Нина Булатовиќ, Брновиќ, Раичевиќ и Грбиќ, а еден гол имаше Рамусовиќ. Кај Брест со седум гола најефикасна беше Амандин Тисие, додека Марта Мангу погоди петпати.