Јанеска со 14 гола го сруши Ускудар

Во ефикасен натпревар кој донесе дури 69 гола екипата на Мудања славеше над Ускудар со 35:34 така што освои два значајни бода.

На овој дуел репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска имаше одличен натпревар. Таа му помогна на својот тим за да дојде до победата со оглед на тоа што беше стрелец на дури 14 гола.

Одигра одличен дуел така што Мудања успеа да се избори за големи два бода во тешкиот дуел против Ускудар на кои и пред мечот се очекуваше да има неизвесност.