Јакобсен останува тренер на Рајн Некар и селектор на Данска уште година и пол

Тренерот на Рајн Некар, Николај Јакобсен вети дека ќе го исполни договорот со тимот до летото во 2019 година и демантираше одредени информации дека уште во јули во 2018 година ќе го напушти клубот и ќе се посвети на работата во репрезентацијата на Данска.

Тој е селектор на Данска со која потпиша четиригодишен договор. Во моментите кога се договараше за селекторската функција доби дозвола од клубот, но се обврза дека ќе го одработи целиот договор.

„Нема вистина во пишувањата дека ќе си заминам порано. Останувам во Рајн Некар до крајот на договорот. Во тоа сум сигурен 100 посто“, изјавува Јакобсен.

Во Рајн Некар е од 2014 година и оттогаш тимот бележи одлични резултати. На негово барање во клубот пристигна и Филип Талески, па ова значи дека македонскиот репрезентативец и Данецот ќе соработуваат уште.