Јагуриновски броеше до 13, Пелистер се мачеше едно полувреме со Прилеп

Ракометарите на Пелистер мораа да се помачат едно полувреме за да забележат нова победа во Суперлига. Прилеп, иако не беше во полн состав, сепак даде солиден отпор во Битола, иако тоа не го покажува конечниот резултат, 35:28.

Голманот Јовановски, како и Јанчев и Бозароски во нападот, го одржуваа Прилеп во константно водство во првиот дел, 16:17, но во второто полувреме комплето се сменија работите. Тренчевски стрелаше за 21:24 во 43 минута и оттогаш за 17 минути до крајот прилепчани дадоа само 4, а примија дури 14 голови за конечни 35:28.

Предничеа крилата Јагуриновски и Ивановски, кои стрелаа во тој период за домашниот тим. Јагуриновски пак беше и најефикасен со 13 голови, а 5 даде Митиќ, додека кај Прилеп Јанчев постигна 7, а Бозароски постигна 6.