Јагањац ќе брка стотка в недела

Левиот бек на Металург, Халил Јагањац постигна само три гола на гостувањето на Татран, а со тоа застана на 95 гола во СЕХА-лигата со кои е најефикасниот играч во оваа сезона.

300x250

Тој не успеа да дојде до уште пет гола со кои ќе стигнешт до бројка од 100 погодоци, па затоа ќе може тоа да го стори в недела кога во Скопје се игра дуелот против Целје од последното коло во регионалното натпреварување.

Според формата која ја демонстрира целата сезона Јагањац не би требало да има проблеми за да го направи ова и да стигне до троцифрен број на голови, но ќе мора да почека за да може да го потврди првото место на Листата на стрелците во СЕХА за оваа сезона.