Јагањац: Пресреќен сум за дебито, ќе бидеме подобри на следното првенство

Репрезентацијата на домаќинот Хрватска славеше над Чешка со 28-27, триумф кој беше доволен само за петтото место на ЕП.

Еден од младите ракометари кој со само 19 години доби шанса да дебитира на овој натпревар е и актуелниот лев бек на Металург, Халил Јагањац кој ги пренесе импресиите од престојното првенство, дебитантскиот настап во сениорска конкуренција, како и неуспешниот обид на Хрватска да стигне до медал на домашен терен.

“Па еве јас како најмлад ракометар во репрезентацијата не би сакал да зборувам за тоа, има доста постари и поискусни играчи кои настапувале на цели првенства, и би било невкусно јас кој дебитирав на ова ЕП првенство да коментирам за нашиот настап. Знам дела сите дадовме се од себе и мислам дека тоа е најважно, за повеќе некогаш треба и спортска среќа и некои други работи да се поклопат, и се надевам дека ќе биде подобро на следното првенство”.

Левиот бек на Металург е пресреќен по својот дебитантски настап на едно големо натпреварување.

“Чуството е неверојатно. Да ме прашавте пред пет месеци дали ќе бидам повикан во поширокиот круг на репрезентација би рекол дека нема шанси. Еве се случи со 19 години да дебитирам на ЕП и пресреќен сум, тоа е едно незаборавно искуство за продолжението на мојата кариера.

Јагањац со потврда дека останува во Автокоманда и во вториот дел на сезоната.

“Продолжува сезоната, продолжува Сеха лигата, имам неколку дена одмор дома па се враќам во Македонија. Имаме натпревар против Војводина. Продолжувам каде што застанав, се надевам дека ќе играм барем онолку добро колку што играв до сега, а се надевам и дека ќе напредувам во склад со моите години”.- заврши младиот бек на хрватската репрезентација и Металург.