Јагањац и колегите после 2. коло имаат Втора рунда на ЕП во Словенија

Со одигрувањето на 2. коло на Европското првенство до 20 години дури пет селекции успеаја да си обезбедат место во 2. Рунда на шампионатот кој се одржува во Словенија.

Во групите Б и Ц веќе е и завршено целосно прашањето за првите две места, па таму двете репрезентации кои се со по четири бода ќе имаат само задача утре да се борат за врвот и за пренесување поени во вториот круг.

Според ова селекциите на Словенија, Србија, Шпанија и Хрватска немаат проблеми околу пласманот исто како и Португалија, која сигурно пренесува два бода без разлика дали Данска или Франција ќе се пласира понатаму.

Ова значи дека ракометарот на Металург во заминување, Халил Јагањац ќе игра и понатаму во битката за медал на Европското првенство и има шанса да дојде до уште еден трофеј во кратко време после златото на Медитеранските игри.

Најинтересно е во групата А, каде дури три репрезентации се со шанси да се пласираат понатаму, па затоа таму уште ништо не е завршено и ќе има уште недигрување и сè ќе се реши во последното коло.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ДО 20 ГОДИНИ

ГРУПА А

2. КОЛО

РОМАНИЈА – ГЕРМАНИЈА          25:30

ШВЕДСКА – ИСЛАНД    33:35

3. КОЛО (УТРЕ)

13:00ч

ГЕРМАНИЈА – ИСЛАНД

15:00ч

ШВЕДСКА – РОМАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Германија 3 бода (52:47); 2. Романија 2 (54:49), 3. Исланд 2 (54:62); 4. Шведска 1 (55:57).

ГРУПА Б

2. КОЛО

НОРВЕШКА – СРБИЈА   27:30

ИЗРАЕЛ – СЛОВЕНИЈА  24:28

3. КОЛО (УТРЕ)

17:00ч

НОРВЕШКА – ИЗРАЕЛ

19:00ч

СЛОВЕНИЈА – СРБИЈА

ТАБЕЛА: 1. Словенија 4 (55:43); 2. Србија 4 (65:55); 3. Израел 0 (52:63); 4. Норвешка 0 (46:57).

ГРУПА Ц

2. КОЛО

ПОЛСКА – ХРВАТСКА    27:35

РУСИЈА – ШПАНИЈА      20:28

3. КОЛО (УТРЕ)

13:00ч

ХРВАТСКА – ШПАНИЈА

15:00ч

РУСИЈА – ПОЛСКА

ТАБЕЛА: 1. Шпанија 4 (60:43); 2. Хрватска 4 (61:49); 3. Русија 0 (42:54); 4. Полска 0 (50:67).

ГРУПА Д

2. КОЛО

УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА               23:34

ПОРТУГАЛИЈА – ДАНСКА            31:29

3. КОЛО (УТРЕ)

17:00ч

ФРАНЦИЈА – ДАНСКА

19:00ч

ПОРТУГАЛИЈА – УНГАРИЈА

ТАБЕЛА: 1. Португалија 4 (63:57); 2. Франција 2 (62:55); 3. Данска 2 (52:53), 4. Унгарија 0 (45:57).