Јагањац за 24 Ракомет ТВ: Брестовац е одличен тренер, Македонија направи одличен избор (ВИДЕО)

Поранешниот член на Металург, Халил Јагањац дојде уште еднаш во Македонија, но овој пат во Битола, па тој беше единствениот од ракометарите на Нексе кој знае како е да се игра во Битола. После средбата имаше интересни коментари за играта и неговото заминување од Металург.

Со оглед на тоа што имаше можност да работи и заедно со новиот селектор на Македонија во денот кога Данило Брестовац беше промовиран за селектор беше интересно да се слушне неговото размислување околу изборот.

„Брестовац ми беше тренер. Знам дека добро го знае ракометот. Одлично го разбира. Тој беше тренер низ Европа и учеше од најдобрите. Македонија направи добар избор и сметам дека доста добро ќе се покаже во репрезентацијата“, коментираше Халил Јагањац пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава дадена после натпреварот против Еурофарм Работник во Битола можете да ја проследите во видеото во продолжение.