Јагањац го има голот на колото во СЕХА (ВИДЕО)

Левиот бек на Металург, Халил Јагањац доби најмногу гласови во изборот на гол на 13. коло во СЕХА-лигата. Тој се најде пред конкурентите меѓу кои беше и Јања Војводиќ од Вардар.

Трката беше тесна, но Јагањац успеа да победи така што неговиот погодок од дуелот против Војводина се најде на врвот и влегува секако и во трка за гол на сезоната во регионалното натпреварување.

Инаку, на овој дуел ракометарите на Металург забележаа победа од 30:26, а средбата беше одиграна на 4 февруари.