Јагањац во Битола покажа зошто е најбарана „марка“ во регионот (ВИДЕО)

Битолскиот суперлигаш Е.Работник беше на раб на сензација откако во рамките на македонското првенство, во третото коло од плеј-оф фазата имаше предност на само три секунди до крајот против македонскиот вицепрвак Металург.
Битолчани најавуваа атак на втората позиција во македонската лига, а малкумина ги сметаа за сериозни најавите од таборот на Работник. Но, во поголемиот дел од натпреварот тие имаа предност и го диктираа темпото на овој дуел, затоа Јагањац по одличната асистенција на Кузмановски мораше со звукот на сирената да постигне погодок за да не дозволи комплетен дебакл на Металург во Битола. Реми од 27-27 за тимот од Автокоманда е показател на интересна пролетна сезона во домашниот шампионат.
Јагањац е најдобриот стрелец на својот тим во Лигата на шампионите, заврши како прв стрелец во СЕХА лига, па затоа има голем интерес кога е во прашање неговата иднина.
Мешков Брест е една од екипите кои се подготвени да платат огромна сума на пари за услугите на младиот хрватски репрезентативец, но минатата недела такви најави дојдоа и од таборот на ППД Загреб.
Едно е сигурно, за услугите на Јагањац мора да исплати висока финансиска компензација на Металург, екипа со која има договор и во наредните две години.