Ѓукиќ за 24 Ракомет ТВ: Секој меч е огромно искуство пред стартот на плеј-офот (ВИДЕО)

Десното крило на Еурофарм Работник, Милан Ѓукиќ немаше многу простор за игра и дојде до два погодока на средбата против Татабања. И тој како и другите не успеа да го покаже нивото кое се навикнати сите да го гледаат од него откако е во Битола, но може да се очекуваат подобри игри.

Во однос на средбата против Унгарците своето видување го даде пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

„Загубивме со десет разлика, но тоа не е нормална ситуација. Нив им се поклопија коцките на овој меч, а откако во вториот дел направија 3:0 отидоа на плус 5-6 гола и веќе беше тешко. Сепак, нема застанување. Ние сме млада екипа во однос на играњето во Европа и мораме да продолжиме да играме. Од натпревар во натпревар сметам дека ќе растеме. За нас секој натпревар против овие екипи со огромни буџети ќе биде огромно искуство пред средбите во плеј-офот и треба да извлечеме што е можно повеќе поуки“, изјави Ѓукиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Вујовиќ дадена за 24 Ракомет ТВ можете да ја погледнете во видеото во продолжение.