Ѓукиќ заминува од ЧСМ Букурешт, негов наследник ќе биде Германец роден во Романија

Драган Ѓукиќ сигурно ќе го напушти ЧСМ Букурешт на крајот на оваа сезона. По натпреварот помеѓу романскиот првак, кој може да остане без титула оваа сезона, и германскиот Турингер, беше најавена промена на клупата.

Српскиот стратег најави дека ќе си поднесе оставка доколку не победи со својот тим во домашното првенство против Влчеа.

‚‚Секој ден работам какок да е последен. Ова е мојата животна филозофија. Дојдов тука со отворено срце, кога беше најпотребно. Знам дека на секој тренер во светот куферот треба да му е подготвен во секој момент, но во секој случај ќе се борам до последен момент. Не сакам да размислувам и да зборувам за четвртфиналните средби од Лигата на шампионите. За мене сега најважен натрпевар е средбата со Влчеа. Сезоната трае од септември до мај и не треба сега да ја испуштиме титулата. Нашите подготовки се насочни кон овој натпревар, но што ќе се случи на крајот не знам‘‘ – изјави Ѓукиќ за по дуелот меѓу ЧСМ и Турингер.

Во меѓувреме ЧСМ славеше на гости кај Валчеа со 29-30, но има послаб меѓусебен скор, па во шесте преостанатите кола мора да чека кикс на конкурентот за да биде прв, а тоа ќе биде тешко веројатно. Ѓукиќ веројатно ќе ја доврши сезоната, а потоа на негово место би требало да дојде Херберт Милер, тренерот на Турингер.

Станува збор за Германец роден во Романија, кој нема да има проблем со адаптација, со оглед на тоа дека го водеше Рулментул Брашов пред десет години. Од 2010 година е во германскиот Турингер.