Ѓорѓиевска и Подравка го освоија трофејот во Копривница

Тимот на Подравка, каде што од оваа сезона настапува капитенот на македонската репрезентација, Елена Ѓорѓиевска го освои турнирот „Јосип Самарџија“ што викендов се играше во Копривница.

Хрватскиот тим славеше над српска Јагодина со 26-22, триумфираше против Корона Брашов со 26-24, а во мечот за трофеј, Подравка ја победи унгарската екипа Мошонмаѓаровар со убедливи 29-21.

Ѓорѓиевска имаше одлични настапи на сите три натпревари, а на последниот што одлучуваше за трофејот, беше стрелец на три погодоци.