Ѓорѓе Чирковиќ пред Берн: Моите момци заслужуваат европска пролет

Екипата на Еурофарм Работник в сабота во Битола го пречекува составот на Берн од Швајцарија во првиот меч од 3. коло во Купот на ЕХФ. Тимот од Битола е домаќинна првиот дуел и ќе се обиде да зададе удар кој ќе биде доволен на реваншот даможе да се пласира во следната фаза од натпреварувањето.

„Од историјата неделат вкупно 120 минути. Првите 60 минути ни следуваат во Битола, а убеден сумдека патникот во групната фаза од Купот на ЕХФ ќе биде одлучен во Швајцарија.Нашиот противник е добро подготвен и е во натпреварувачки ритам, па сигурно ќепретставува силен ривал за нас. Оваа група на ракометари со начинот на работа, пристапот и културата на тренинг сигурен сум дека ја заслужува европската пролет“, изјави тренерот Ѓорѓе Чирковиќ на денешниот прес во Битола.

Тој вели дека имал можност да го анализира противникот и да се увери за неговиот квалитет. Знае дека нема да биде лесно бидејќи се работи за квалитетен тим, но во Битола секогаш било тешко противниците да се наиграат.

„Го анализираме противникот и видовме дека се раоти за искусна екипа, која е многу добро организирана. Секој напад е осмислен, а клучниот ракометар е Чехот Шумански.Берн во минатото коло успеа да елиминира посилна екипа. Го исфрли од Купот наЕХФ тимот на Спартак. Проблемот со кој ние се соочуваме е немањето на доволенброј на квалитетни натпревари. Последен пат одигравме конкурентно 15 минути против екипата на Бутел Скопје и тоа пред еден месец, но со поддршка напубликата сметам дека можеме да дојдеме до позитивен резултат“, коментирашеЧирковиќ.

Првата средба в сабота почнува од 17:30 часот.