Ѓорче Петров се израдува на првата победа

Ракометарките на Ѓорче Петров во второто коло ја остварија првата победа во Женската лига против Кузман Вардар Илинден со 27:24. Натпреварот беше израмнет со менување на водсвтото на екипите. Ниту една од екипите не успеваше да се одлепи на поголема предност од од два гола. На полувремето домашните отидоа со минимална предност 14:13.

Неизвесноста беше присутна и во вториот дел, Кузман Вардар Илинден успеа да стигне од три негативата до израмнување, 23:23 но до крајот само уште еднаш реализираа и не можеа да избегнат позраз. Цветановска Ангела погоди десет пати, а Тамара Србиновска девет за Ѓорче Петров. Блажеска Ивана кај Кузман Вардар Илинден стрелаше десет пати.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН (27:24) 14:13

Сала: Христо Ботанџиев во Ѓорче Петров. Гледачи: 50. Адриана Здравковска и Сања Божиновска. Делегат: Ерик Белимов.

Ѓорче Петров: Маринов, Несторовска, Петровска 5, Кежаровска, Србновска 9, Јовановска, Петровска, Гркова 1, Антеска 1, Стефановска 1, Цветановска 10, Шкријељ.

Седмерци: 4/4. Исклучувања 4 минути.

Кузман Вардар Илинден: Ѓорѓиева , Николовска, Ивановска, Сандева, Ангеловска, Бојковска ,1 Фидановска 3, Јакимовска, Ристевска, Буразер, Блажевка 10, Филипова, Ангелевска, Кириловска, Русевска.

Седмерци: 7/8. Исклучувања 10 минути.