Ѓер станува скандинавска колонија

Европскиот шампион Ѓер покрај потписот на Амандин Лејно, потпиша уште две нови ракометарки, а станува збор за норвешките репрезентативки Вероника Кристијансен и Кари Братсет, кои се обврзаа на тригодишна верност.

300x250

Кристијансен е лев бек и настапува за данскиот Митјиланд, додека пикерот Братсет доаѓа од Вајперс Кристијансанд. Двете беа одлични на последното Светско првенство во Германија, па Ѓер не чекаше многу за да ги ангажира.

Со доаѓањето на овие две Норвежанки, бројот на скандинавките ќе се зголеми на 5, бидејќи покрај нив тука се голманката Гримсбо, како и бековите Мерк и Офтедал. Тоа значи дека Ѓер во иднина ќе биде скандинавска колонија, ако на овие пет им се додека и данската интернационалка Хансен.

Покрај Братсет, Кристијансен и Лејно, Ѓер објави дека договорите беа продолжени со голманката Ева Киш на уште една сезона, бекот Жужана Томори на две, а на нова обврска потпис стави и левото крило Сидонија Пухалак.

Сепак на теренот главна улога во следната сезона ќе имаат скандинавките, а унгарските репрезентативки, барем оние со позначаен придонес ќе бидат само 3 или 4, Гербиц, Боди, Томори и Киш.