Ѓер создава дрим-тим: Потпиша и репрезентативка на Норвешка

Екипата на Ѓер сезонава доминира во Лигата на шампионите, а според составот кој е планиран за следните години сосема извесно е дека тешко ќе се најде тим кој ќе успее да му парира на актуелниот освојувач на најсилниот европски куп.

Новата ракометарка која го стави потписот за Ѓер е десниот бек од Норвешка, која зад себе има златен медал и од Олимписките игри, Аманда Куртовиќ дефинитивно во иднина ќе го носи дресот на Ѓер.

Таа ја игра својата втора сезона во ЦСМ Букурешт, но ќе ја напушти екипата во текот на летото така што доаѓа како замена за нејзината сонародничка Нора Морк која најверојатно ќе се упати кон Романија.

„Пресреќна сум што ќе имам можност да ја продолжам кариерата во редовите на Ѓер. Многупати сум играла против овој тим и драго ми е што сега ќе можам да играм во него. Горда сум и среќна што во следните три години ќе го носам дресот на оваа екипа“, изјави Куртовиќ после потпишувањето на договорот.

Таа доаѓа во Ѓер после завршувањето на сезоната и ќе биде дел од неколкуте ракометарки кои притигаат во таборот на актуелниот првак на Европа со што Ѓер гради состав кој е вистински дрим-тим и кој ќе биде недопирлив.

Еве како би требало да изгледа тимот на Ѓер во следната сезона:

ГОЛМАНИ: Амандин Лејно, Кари Алвик Гримзбо, Ева Киш.

ЛЕВО КРИЛО: Анита Горбич, Ченге Фодор, Шидонија Пухалак.

ЛЕВ БЕК: Едуарда Аморим, Ане Мете Хансен, Вероника Кристијансен.

СРЕДЕН БЕК: Јохана Фаркаш, Естеле Нзе Минко, Стине Офтедал.

ДЕСЕН БЕК: Аманда Куртовиќ, Лаура Курти.

ДЕСНО КРИЛО: Бернадет Боди, Доротија Фалувеги, Јана Кнедликова.

ПИКЕР: Кари Братсет, Беатрис Едвиж.

Фото: gyorietokc.hu