Ѓер се врати на тронот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Ласло Пап“ арената беше домаќин на четвртиот Ф4 турнир во женска конкуренција. Во големото финале, Вардар ги вкрсти силите со Ѓер, а унгарскиот шампион излезе како победник 31-30 по двете продолженија по пет минути.

Преполната арена која беше целосно распродадена создаде прекрасна атмосфера која траеше и за време на церемонијата на која се доделија медалите за најдобрите три екипи како и за најдобрите поединци. Вардарки во своите редови го имаа најдобриот стрелец  во Лигата на Шампионите – Андреа Пенезиќ која постигна 98 погодоци, додека Ѓер во своите редови го имаше најкорисниот играч на првенството МВП – Нике Гроот.