Ѓер на нозе: Цели семејства на плоштад, пензионери пијат шампањско (ФОТО+ВИДЕО)

Ракометарките на Ѓер вторпат по ред стигнаа до титулата европски шампион. Жртва на ракометарките на Амброш Мартин на идентичен начин како и минатата години беа вардарки кои за жал го имаа својот последен обид да стигнат до европската титула.

Ѓер е доминантен во женскиот ракомет, а играњето во Будимпешта само дополнително му ја олеснува работата кон остварувањето на зацртаната цел.

По одбранта на титулата големата радост од теренот во Ласло Пап арената се пренесе на улиците на Ѓер, а градоначалникот организираше свечен дочек за хероините на градот.

Како изгледаше сето тоа погледнете на видеото и фотографиите во продолжение.

 

 

Ова беше четвртта титула за Ѓер во Лигата на шампионките, а втора по ред во најсилното европско натпреварување, откако минатата сезона на идентичен начин против Вардар стигнаа до титулата.

ФОТО и ВИДЕО: Ѓер /facebook