Ѓеорѓиевска со победа за крај на евро-сезоната

Капитенот на сениорската репрезентација на Македонија во женска конкуренција, Елена Ѓеорѓиевска ја заврши сезоната во Европа откако со тимот на СЦМ Крајова славеше со 26:23 против Бера Бера од Шпанија.

И покрај тоа што составот на Крајова дојде до триумф ова не беше доволно за пласман понатаму бидејќи беше освоено 3. место. Во Групата Д првите две места беа за Подравка и Никобинг така што Ѓеорѓиевска и колешките ќе мора да почекаат до следнат сезона за подобар резултат.

Инаку, на овој меч Елена Ѓеорѓиевска беше стрелец на два гола.