Ѓеорѓиевска на чекор од групната фаза во Купот на ЕХФ

Капитенот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Елена Ѓеорѓиевска е пред пласман во групната фаза од Купот на ЕХФ. Таа со своите колешки забележа победа на првиот дуел против Борусија Дортмунд во 3. коло и сега треба само овој триумф да го потврди на реваншот.

На првиот меч тимот на ЦСМ Крајова славеше со 19:17 на гостински терен и на тој начин се избори за предност за реваншот кој в недела треба да се одигра во Романија.

Елена Ѓеорѓиевска постигна еден гол на овој дуел, а прв стрелец беше Ана Марија Тику со седум гола.