Шундовски и Георгиевски со ЧСМ без пораз во 2017 година

Ракометарите на ЧСМ Букурешт го победија составот на Фагараш со убедливи 34:23 во последниот натпревар од 23 коло во романскиот шампионат. Тимот предводен од македонскиот стратег Звонко Шундовски нема пораз во 2017 година, и има 6 победи и 1 реми во последните 7 дуели.

Гоце Георгиевски постигна 2 гола од 5 обиди на дуелот против Фагараш. ЧСМ е на чекор до освојување на 2 позиција на табелата во романскиот шампионат и со тоа полесен противник во разигрувањето за титулата.