Шундовски и Георгиевски израмнија против Турда, мајсторка ќе решава за пласман во финале

Ракометарите на ЧСМ Букурешт предводени од клупата од поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски, а на теренот од Гоце Георгиевски, стигнаа до победа со 31:20 над Турда, во вториот полуфинален натпревар од романскиот плеј-оф.

Десното крило на македонската репрезентација беше втор стрелец во тимот заедно со Милошевиќ со 5 голови од 7 обиди. Патникот во финалето ќе мора да се решава во мајсторка, која ќе се одигра на теренот на Турда.