Што тоа Андреа Лекиќ врти на ражен за 1 мај? (ВИДЕО)

Денеска во светот се одбележува празникот на трудот, ден кога работниците се борат за зачувување и унапредување на своите права. Спортистите најчесто овој ден го одбележуваат во својот втор дом а тоа е спортската арена. Ракометарките на Вардар по обезбедувањето на Ф4 турнирот во Будимпешта се наоѓаат пред најголемиот предизвик во сезоната па празникот на трудот го одбележаа во СЦ”Јане Сандански”.
Андреа Лекиќ директно од “kaфаната-Јане Сандански” го честиташе први мај, а на трпезата имаше доста интересна понуда..