ШТО ВЕЛАТ ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ: Македонија нема да биде во ТОП 10 на ЕП!

Во големата понуда на светските обложувалници има секаков вид на типови и прогнози во пресрет на Европското првенство во Хрватска, кое од 12 до 28 јануари ќе се одржи во четири града: Загреб, Сплит, Вараждин и Пореч.

300x250

Македонската репрезентација петти пат ќе биде од континенталниот шампионат. По 1998, 2012, 2014 и 2016, „црвено-жолтите“ ќе се обидат повторно да ја израдуваат нацијата со одличен резултат.

Светските обложувалници веќе ги објавија коефициентите за тоа која репрезентација ќе триумфира на ЕП. Најмал коефициент, односно најголеми шанси да биде „златна“ има репрезентацијата на Франција и доколку вложите на „експертите“ 1 евро, ќе добиете 3.

Втор фаворит е домаќинот Хрватска (1/4), додека трет фаворит според обложувалниците е Данска (1/4.5). Тие не сметаат сериозно на нашата репрезентација и ја „сместија“ на 11 позиција. Доколку верувате во македонските „лавови“ за 1 вложено евро, би можеле да добиете 126 евра.