Штом нема титула, ЦСМ Букурешт си ангажира нов тренер

Лекиќ, Радичевиќ, Лазовиќ, Цвијиќ… се само дел од ракометарките кои следната сезона ќе бидат дел од тимот на ЦСМ Букурешт, а веќе е јасно дека ќе имаат нов тренер. Пер Јохансон веќе не е тренер на шампионот на Романија, а на негово место ќе дојде страте од Норвешка.

Тимот од Букурешт веќе се договори со Оле Густав Гјекстад, кој е поранеше тренер на Ларвик, а неговата задача ќе биде следната сезона да донесе нова круна за составот од Романија.

За ЦСМ Букурешт не е ништо ново да биде сменет тренерот дури и кога тимот завршил на фајнл-фор. Екипата го освои 3. место, па очигледно тоа не беше доволно добро за раководството на клубот и затоа одлучи со нов тренер да влезе во следната сезона.