Штипјани убедливи против некомплетниот Партизан

Ракометарите на Текстилец без проблеми се изборија за три бода против Партизан на средба на која сè беше познато уште на стартот. Конечните 38:28 покажуваат најдобро каква беше разликата во квалитет на теренот, а работите одеа одлично за домашните во сите 60 минути.

300x250

Текстилец тргна со 4:0 и овие четири гола позитива ги одржуваа во текот на целото прво полувреме. Партизан се обидуваше да дојде до подобар резултат, но без Џонов и Аларов беше навистина тешко да се обезбеди нешто повеќе.

Некомплетни гевгеличани не можеа да се надеваат на нешто повеќе, а штипјани тоа го искористија максимално и си освоија три бода кои и пред мечот ги очекуваа.

ТЕКСТИЛЕЦ – ПАРТИЗАН            38:28 (17:12)

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Гледачи: 200. Судии: Роберт Пановски и Божидар Димитриевски од Велес. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

ТЕКСТИЛЕЦ: Кипријановски, Станков, Крстов 3, Хаџиниколов 4, Иванов 9, Јорданов 5, Гигов 2, Јахјајов, Мицев 4, Василев 4, Смилков, Арсов 2, Јованов 4, Сичков 1.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 6 мин.

ПАРТИЗАН: Стојов, Ангелов, Фелев, Николов 2, Митревски 8, Гроздановски 12, Костадинов, Д. Узунчев 2, Т. Узунчев 4.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: