Штериова го доби македонското дерби во Романија против Ливриниќ

Двобојот на двете македонски репрезентативки на стартот од првенството на Романија финишираше со победа на тимот на Баја Маре против ЦСМ Галаци со 25:21.

Штериова на овој начин тргна со победа против Елена Ливриниќ, но на теренот имаа сосема различен придонес за своите екипи.

Марија Штериова во победата на Баја Маре учествуваше со пет погодоци, додека Ливриниќ имаше далеку подобар ден. Таа постигна повеќе од пола од головите. Беше стрелец на 11 погодоци, но и тоа не беше доволно, па ќе мора колешките да помагаат повеќе за да може да се дојде до посакуваниот резултат на следните дуели.

Ливриниќ покажа дека е во одлична форма на стартот на сезоната, а и Штериова потврди дека ќе има значајна улога во Баја Маре, па ова ќе биде интересна сезона. Инаку, сезонава Ливриниќ е единствена македонска интернационалка во редовите на Галаци.