Штербик: Тука сме каде што припаѓаме

Вардарци во наредните две недели ќе се борат за првиот историски пласман на Фајнл Фор турнирот во Келн. Противник во четвртфиналето ќе им биде составот на Фленсбург, екипа со која веќе еднаш Вадарци ги одмерија силите во рамките на четвртфиналната фаза сезоната 2013/2014 година. Тогаш поради повеќе постигнати голови на гостински терен Фленсбург се радуваше на билетот за Келн, кој се покажа како добитен, а Вардарци во наредните две сезони немаа таква среќа и доволно квалитет да преминат преку Веспрем. Затоа четвртата шанса, онаа против Фленсбург мора да се искористи. Голманот на Вардар Штрбик предупредува дека противникот е сериозен затоа мора добро да се подготват за овој натпревар.

Арпад Штербик, голман, РК Вардар:

Тука сме каде што припаѓаме и ќе се обидеме да напредуваме и да заминеме на Фајнл Фор турнирот оваа година. Имаме противник за почит тие се меѓу најсериозните конкуренти за титула во Германија, во изминативе неколку сезони дојдоа и до трофејот во Лигата на шампините. Ако ги земеме сите наши резултати оваа сезона, ние сме во добра форма, но не смееме да ги потцениме противниците, верувам во нас и со помош на публиката се надевам дека ќе ја исполниме нашата цел пласман на Фајнл Фор турнирот во Келн.