Штербик: Не можев да го одбијам Веспрем!

Арпад Штербик по четири сезони ќе го напушти Вардар и ќе се врати во некогашниот тим Веспрем.  Унгарскиот шампион веќе потврди дека останува без услугите на Мирко Алиловиќ, и дека Штербик заедно со Роланд Миклер ќе го сочинуваат голманското дуо на тимот предводен од Врањеш. Во интервју за клупски веб сајт, Штербик изјави дека не можел да ја одбие понудата од Веспрем.

300x250

„Имав неколку понуди, но не можев да го одбијам Веспрем. Секогаш во мојата кариера се стремев да играм на највисоко ниво. Со Веспрем пред многу години кога играв во Лигата на шампионите  и тој беше првиот мој сериозен клуб. Веспрем долги години е меѓу најдобрите европски клубови, па немав дилеми каде да ја продолжам кариерата.“ – изјави Штербик.

Голманот кој и сезонава е меѓу најдобрите ракометари на Вардар, вели дека во Веспрем се чувствува како дома.

„Секогаш сум среќен кога се враќам во Веспрем, тука најчесто го поминувам слободното време. Имам многу пријатели и се чувствувам како дома. Фановите секогаш беа со мене, иако имаше и позитивни и негативни коментари кога си заминав.“ – вели Штербик.

Голманот ја открива тајната на добрата форма и на 38 години.

„Мотивацијата значи многу. Значајно е да ги избегнеш и повредите. За среќа, немав поголеми проблеми во минатите години. Играм во Лигата на шампионите веќе 17 сезони и секогаш сум мотивиран исто, секогаш се фокусирав на следниот меч, да се докажам пред семејството, пред себе си, пред клубот и пред навивачите. Имам голема желба да се докажувам, гладен сум за успеси.“ – завршува Штербик.