Штербик за 24Ракомет ТВ: Играме несериозно, еден ден може скапо да не чини!(ВИДЕО)

Еден од најдобрите поединци на дуелот меѓу Вардар и Нант, голманот на „црвено-црните“ Арпад Штербик предупредува дека осцилациите во играта на европскиот шампион може да им се одбијат од глава на некој од наредните дуели. Штербик на натпреварот против Нант имаше 10 одбрани и 2 седмерци, но истакна дека несериозниот пристап кон натпреварот нема секогаш да заврши во нивна полза.