Шпанците тврдат: Палмарсон во Барса – завршена работа

Исландскиот репрезентативец Арон Палмарсон е на добар пат уште летово да стане ракометар на Барселона, иако има уште една година од договорот со унгарскиот шампион Веспрем. Според шпанските медиуми, трансферот веќе е договорен, само се чека официјализација.

Барселона ја напуштија Кире Лазаров и Јеспер Нодесбо, а со доаѓањето на Палмарсон, тренерот Пасквал ќе добие опција плус во нападот. Исланѓанецот, на почетокот на сезоната беше повреден, а имаше лош однос со тренерот Сабате, па сето тоа само го забрза процесот за неговото заминување.

Покрај Палмарсон, во каталонскиот гигант доаѓа и словенечкиот десен бек Јуре Доленец, а не е исклучена опцијата да се засилат со уште некој ракометар.